Loading...
Насловна2020-10-10T23:59:39+02:00

Кои сме ние?

Ние сме хуманитарно здружение насловено како “Христијанско семејство”. Зошто го одбравме ова име? Да имаме семејство значи да бидеме дел од нешто прекрасно. Но да го имаме Исус Христос во семејството значи да бидеме дел од нешто Боженствено. Ќе сакаме и ќе бидеме сакани до крајот на нашиот живот без оглед на се, знаејќи дека Бог е љубов. Каде што животот почнува, а љубовта никогаш не завршува, таму е Исус Христос и семејството кое Тој го подарува. Онаму пак каде што е Христос, таму е вистинското христијанство. А каде што е христијанството, таму е хуманоста. Но да се биде хуман не значи да се подари некому нешто од сожалување, туку од сочувство. Тоа значи да се помогне онака како што Христос помага. Безусловно и со отворено срце. Затоа што секој заслужува!

Ние како здружение, посветено им помагаме на семејства и поединци кои се социјално ранливи, во кои има хронично болни лица или лица со некој вид на попреченост. Нашата помош е пред се духовна, дарувајќи љубов преку лично навестување на Евангелието, но и пружејќи помош во материјална и финансиска форма.

Можеби некој ќе праша зошто го навестуваме Евангелието? Затоа што секој има право да знае дека Бог го љуби онаков каков што е, дека Бог е со него во ситуацијата во која што е. Затоа што таму каде што се нема, најмногу се има, кога Бог е присутен! Ние како здружение, сакаме секој да почувствува дека семејството не мора да биде дефинирано само по презимето или крвта, туку и по Божјото Евангелие. Ова значи дека сме сите браќа и сестри по Христос. Како хуманитарци, сакаме да бидеме таму каде што сме потребни најмногу, да се грижиме едни за други како вистинско семејство. Тоа е нашата цел. Ова значи да се сакаме онака како што Христос не сака. Со нашите христијански напори, се стремиме да олесниме нечиј товар во дух на кроткост, благост и нежност, зашто многумина во животните борби и ситуации остануваат обесхрабрени, но ние сме овде да им ја вратиме надежта, верата и љубовта, во името на Христос, нашиот Бог.

Ние создаваме убаво сеќавање, ние сведочиме дека секој може да живее прекрасно на овој свет!

Последни проекти

Семејство Георгиев *

14/09/2020|

Петчлено семејство кое живее во крајна сиромаштија. Семејството е со малолетни деца и беше поддржано финансиски и со лична помош на лице место од нашето ...

За тешко болниот Ице *

14/09/2020|

Петчлено семејство кое живее во крајна сиромаштија. Семејството е со малолетни деца и беше поддржано финансиски и со лична помош на лице место од нашето ...

Семејство Стојанов *

14/09/2020|

83-годишна вдовица, живее со нејзиниот 57-годишен тешко инвалиден син. Синот е парализиран и не може да ги движи ниту рацете ниту нозете. Неговата мајка деноноќно ...

Go to Top