Вдовец, човек на кого болката и трагедијата непрестано му се сопатници, куќата му изгоре пред десетина години, човек на кого синот му има починато пред 5 години, човек, кој постојано, и покрај сите тешкотии, својата вера и надеж ја полага единствено во Господ Исус Христос.

На овој човек му помогнавме донирајќи неколку илјади евра помош за изградба на новата куќа, безрезервно сме секогаш тука за неговите духовни и материјални потреби, а честопати и заедно ги упатуваме нашите молитви за подобро утре во нашето општество и целиот свет!

* Поради заштита на личните податоци, имињата и презимињата на лицата се со псевдоними.