Петчлено семејство кое живее во крајна сиромаштија. Семејството е со малолетни деца и беше поддржано финансиски и со лична помош на лице место од нашето партнерско здружение „Mutter Teresa“ од Германија. Ја реконструиравме нивната куќа. Семејството Георгиев е од Богданци, Македонија и ја изгуби куќата од пожар. Семејството Георгиев живееше во силна сиромаштија уште и пред пожарот, па мораше да се потпре на солидарноста и помошта на другите луѓе, во спротивно ќе мораше да живее на отворено. Отворените срца на донаторите од Германија и нашата желба и труд за помош на оваа семејство му донесе кров над главата! Благодарни сме и ние како здружение, а секако и оваа семејство за искрените и отворени срца од страна на донаторите. „Бог нека ви подари се што во Негово име ќе побарате“ беа зборовите на оваа преблагодарно семејство.

* Поради заштита на личните податоци, имињата и презимињата на лицата се со псевдоними.