Да имаме семејство значи да бидеме дел од нешто прекрасно. Но да го имаме Исус Христос во семејството значи да бидеме дел од нешто Боженствено. Ќе сакаме и ќе бидеме сакани до крајот на нашиот живот без оглед на се, знаејќи дека Бог е љубов. Каде што животот почнува, а љубовта никогаш не завршува, таму е Исус Христос и семејството кое Тој го подарува. Онаму пак каде што е Христос, таму е вистинското христијанство. А каде што е христијанството, таму е хуманоста. Но да се биде хуман не значи да се подари некому нешто од сожалување, туку од сочувство. Тоа значи да се помогне онака како што Христос помага. Безусловно и со отворено срце. Затоа што секој заслужува!

Нашето партнерско здружение

„MUTTER TERESA“
Sindelfingen, Deutschland
http://www.mutterteresaev.de