Во далечната 2010 година за Саше и неговото семејството преку донации успеавме да изградиме соларен систем и купатило како би можеле во целост да ги имаат потребните услови за достоинствен живот. Со тоа нашата грижа не престана.
Ја видовме потребата и од финансиска помош. Изработивме месечен финансиски план за остварување на прехрамбените и училишните потреби на Саше и неговите деца.
Среќни сме што семејството денес, благодарение на нашата посветеност кон хуманитарната дејност, може среќно и задоволно да ги живее деновите исполнети со убави сеќавања и радости!

* Поради заштита на личните податоци, имињата и презимињата на лицата се со псевдоними.