Михаил на свои шеснаесет години дознава за својата неизлечива болест (канцер) со која што мора да продолжи да го живее животот. Опериран е во пет наврати, а неговата работоспособност е на најниско можно ниво. Кога бевме на увид на местото во кое што живеат, не видовме ништо друго освен ѕидовите и подот. Трогнати од целата слика решивме да се организираме индивидуално и во групи и да помогнеме на овој прекрасен човек со опремување на неговиот дом со мебел и некои други основни работи, а секако и со храна. На Михаил му беше помогнато со материјални средства, а истите беа искористени за подобрување на условите за хигиена. Успеавме да изградиме систем за водовод и купатило. Михал ви ги пренесува своите поздрави заедно со неговата мајка и искрените чувства на благодарност до нашето здружение и вашите отворени срца, а се надева дека тоа и понатаму ќе продолжи бидејќи надежта ја гледа во добрите луѓе со прекрасно и дарежливо срце, а вели дека секојдневно ќе ги спомнува истите во своите молитви упатени до Бога!

* Поради заштита на личните податоци, имињата и презимињата на лицата се со псевдоними.