Мисија

Ние како здружение, посветено им помагаме на семејства и поединци кои се социјално ранливи, во кои има хронично болни лица или лица со некој вид на попреченост. Нашата помош е пред се духовна, дарувајќи љубов преку лично навестување на Евангелието, но и пружејќи помош во материјална и финансиска форма. Можеби некој ќе праша зошто го навестуваме Евангелието? Затоа што секој има право да знае дека Бог го љуби онаков каков што е, дека Бог е со него во ситуацијата во која што е. Затоа што таму каде што се нема, најмногу се има, кога Бог е присутен! Ние како здружение, сакаме секој да почувствува дека семејството не мора да биде дефинирано само по презимето или крвта, туку и по Божјото Евангелие. Ова значи дека сме сите браќа и сестри по Христос. Како хуманитарци, сакаме да бидеме таму каде што сме потребни најмногу, да се грижиме едни за други како вистинско семејство.

Визија

Со нашите христијански напори, се стремиме да олесниме нечиј товар во дух на кроткост, благост и нежност, зашто многумина во животните борби и ситуации остануваат обесхрабрени, но ние сме овде да им ја вратиме надежта, верата и љубовта, во името на Христос, нашиот Бог.

Ние создаваме убаво сеќавање, ние сведочиме дека секој може да живее прекрасно на овој свет!