1. Вид на социјална служба

Активностите во рамките на социјалната служба се од најголема важност со цел да им се помогне на нашите корисници соодветно, да ги задоволат своите животни потреби и да ги направат нивните животи достоинствени. Вработените и волонтерите во рамките на оваа услуга секојдневно ги посетуваат корисниците, со што ги следат нивните потреби без оглед каде се наоѓаат (во нивниот дом или на лекување во некоја здравствена институција). На овој начин се собираат информациите потребни за да се обезбеди целосна помош, без разлика дали е духовна, физичка или материјална. Континуираната размена на информации помеѓу вработените и волонтерите е од најголема важност, бидејќи има многу корисници, затоа е важно да ги издвоиме приоритетните потреби на корисниците и навремено да одговориме на истите.

Во внатрешноста на социјалната служба на корисниците би им биле на располагање следниве видови на помош:

  • Помош од страна на духовникот – редовни посети, разговори за поддршка, утеха или охрабрување, делење на сакраментите кај болните корисниците како и на сите корисници кои за тоа ќе изразат потреба;
  • Помош од страна на волонтерите – редовна посета на корисниците, дружење и излегување на прошетка со истите, купување на намирници, посета или припомош при посета на матичен лекар на корисниците и набавка на соодветните лекови од аптеките, припомош при посета на фризер, во црква, при домашни работи, припрема на оброк и слично…
  • Помош од страна на психологот – редовни посети и евиденција на корисниците, пружање на психолошка помош и поддршка, давање совети поврзани со остварување на социјални, медицински, правни и други слични права, упатување на локациите каде истите можат да се остварат во соработка со лекари, центри за социјална работа, болници, каритас, здруженија или сојузи за правна служба, матични и специјалистички прегледи, сместувања во домови, одобрување за право на бесплатен оброк, решавање на различни правни прашања и слично;
  • Помош од страна на физиотерапевт – редовна посета на корисниците кои се пријавиле за ваков вид на помош и евиденција на истите;
  • Услуги за перење, сушење и пеглање на алиштата.

2. Здравствено – едукативни активности

Целите на овие активности би биле следниве:

  • да се подобри знаењето на граѓаните, децата и младите луѓе за здравјето и здравиот начин на живот, имајќи ги предвид приоритетните потреби на заедницата;
  • да се едуцираат корисниците за факторите на ризик од одредени болести и зависности преку спроведување едукативни работилници за ученици од основно и средно училиште;
  • промовирање на здрав начин на живот;

3. Советувалиште за превенција од дрога, алкохол и самоубиства

Советувалиштето е достапно како за корисниците на услугите на хуманитарното здружение „Христијанско семејство“, така и за останатите граѓани кои би сакале да разговараат со стручни лица околу проблемот кој е поврзан со дрогите, алкохолот и самоубиствата или пак оние кои имаат проблем со употребата на дроги или се сомневаат дека некој близок член од нивното потесно или пошироко семејство користи дрога или прекумерни количества на алкохол.

Напомена: Услугите во советувалиштето се бесплатни, а разговорот е дискретен.

4. Помош за лицата кои се зависници од компулсивно играње на игри на среќа и помош на нивните семејства

5. Печатење и дистрибуција на рекламен материјал

Печатење и дистрибуирање на флаери, брошури, постери, мајци, пенкала, календари и друг промотивен материјал за запознавање на населението со нашето здружение, а воедно преку промоција на здружението ќе се користиме и со евангелизација и запознавање на луѓето со Христијанската вера и начинот на духовно – моралното живеење.

За исполнување на овие предложени активности или таканаречени цели секако потребно е многу љубов, желба и труд од страна на волонтерите и целосен ангажман од страна на вработените во здружението. Секако безрезервна поддршка бараме од нашето сестринско здружение од Германија „Mutter Teresa“.
Најважно и најпотребно за спроведување на нашите активности е Божјата провидност и благодат да бидат врз сите нас кои сме вработени и врз сите нас кои воедно и волонтираме во оваа здружение, а знаеме дека сето тоа се постигнува како што вели и нашиот Бог, Господ Исус Христос со молитва и пост. Исто така Христос зборува и за двете најголеми заповеди: првата – „возљуби Го Господ, својот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, и со сиот свој разум“; и втората – „возљуби го својот ближен како себеси“. Овие две заповеди се основата на која се крепи целокупниот духовен живот во Христос. Заповедта за љубов кон ближните не ги исклучува непријателите; напротив, љубовта кон непријателите е единствената прецизна мерка и критериум за љубовта кон Бог и кон секој човек (Матеј 5, 44)

Во евангелијата читаме и дека Исус не повикува на дарување кон сиромасите: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 40)

Затоа, придржувајќи се кон евангелието и Христовото Свето Слово, здружението „Христијанско семејство“ се обврзува и кон прибирање на средства како би можеле истите да бидат навремено поделени кон нашите корисници.